Tuesday, May 12, 2015

Симптоми и поставување на дијагноза

Симптоми

Кандидијазата се одликува со појава на непријатен јадеж во пределот на половите органи со појава на зголемена секреција т.е. присуство на беличест, густ вагинален исцедок, со специфичен слаткаст мирис. Слузниците на вулвата и вагината се црвени, отечени и болни. Половиот однос може да биде болен. За време на мочањето може да се јави: пецкање, жарење или болка, бидејќи мочката ја надразнува оштетената површина на слузницата.

Поставување на дијагноза

Дијагнозата на кандидијазата може да се постави со преглед на надворешните полови органи и со гинеколошки преглед на вагината. При преглед се забележуваат знаци на инфекција: црвенило, оток, оштетена слузница, пукнатини на слузницата, наслаги од беличест секрет на слузниците на вулвата на вагината и на грлото на матката. Со бимануелниот преглед (преглед со двете раце), гинекологот ја оценува подвижноста и осетливоста на матката.
Дефинитивната дијагноза на кандидијазата се поставува врз база на микроскопски преглед на секретот земен на брист од слузницата на вулвата од вагината или од грлото на матката. Микроскопскиот преглед на вагиналниот секрет дава карактеристична слика, така да не се потребни други дополнителни испитувања. Детален преглед е потребен кај жените кои имаат повторувани инфекции, како и при слаб или никаков одговор на терапијата. Тогаш се прави преглед на целото тело (физикален преглед по системи), лабораториска анализа на крвта и мочката, при што се бараат симптоми и знаци на одредени болести и органски системи.

No comments:

Post a Comment