Tuesday, May 12, 2015

Фактори на ризик за настанување на кандидијаза на женските полови органи


Промената на киселоста на вагината, како и намалувањето на бројот на непатогени микроорганизми на вагиналната слузница може да доведат до појава на воспаление. Одредени состојби и заболувања може да доведат до пореметување на киселата средина на вагината. Најчести состојби на заболувања кои може да доведат до развој на кандидијаза се: менструација, некои болести (најчесто шеќерната болест), бременост, менопауза, некои антибиотици и хормонските контрацептивни средства со естрогени и стероиди. Влагата и иритацијата на вагината исто така го стимулира растот на кандидата.
Здравите жени ретко заболуваат од болести предизвикани од Candida. Кај лицата кои веќе имаат некое заболување или се изложени на некои лекови или медицинсќи зафати, кандидите се јавуваат како причинители на инфекција и способни се да предизвикаат тешки заболувања.
Многу болести го потпомагаат развојот на кандидијазата, како што се на пример: шеќерната болест, хипотироидизмот, хипопаратироидизмот, хипоадренокортицизмот, грануломатозните заболувања, сидата, цистичната фиброза, хипогамаглобулинимијата, сите видови на рак, а посебно малигните заболувања на крвта.

Антибиотската терапија (посебно терапијата со тетрациклини) предизвикува промена на нормалната флора кај човекот, која пак од своја страна доведува до зголемување на бројот на кандидата и до појава на инфекција. Претерано консумирање на алкохол, носење на тесна облека, носење на најлонски чорапи и синтетски долен веш, нанесување на парфеми и парфимирани козметички препарати на половите органи ја пореметуваат нормалната рамнотежа на флората и потпомагаат во настанувањето на кандидијазата.

No comments:

Post a Comment