За спречување на инфекција со кандида важно е да
се следат следниве упатства:
·
да се избегнува носење на тесна облека,
·
да се избегнува носење на синтетски долен веш,
·
да се носи памучен долен веш,
·
да на танга гакички,
·
да се избегнува носење цел ден најлонски чорапи,
·
да се избегнува постојаното влажење на гениталната регија,
·
да се избегнува носење на влажен костим за капење, да се преслече
костимот за капење по излегување од базен или море,
·
редовно да се менува долниот веш,
·
после мочање, жената треба да се избрише од напред према назад,
бидејќи во спротивно може да навлезат во вагината бактерии, кои се наоѓаат во
пределот на анусот,
·
да се пие јогурт во големи количини за време на лекувањето со
антибиотици,
·
да се намали внесот на јагленохидрати со храната и да се избегнува
алкохол и кафе,
·
да се избегнуваат парфимирани хигиенски влошки и тампони,
парфимирани креми и спрејови, да не се користи обоена и намирисана тоалетна
хартија,
·
кога ќе се јави инфекција, пациентката треба да се придржува на
лекарските совети и правилно и редовно да ги зема и нанесува лековите.